Законите за судовите и за Судскиот совет следната недела пред пратениците
В среда, пратениците во Собранието на Република Македонија ќе расправаат по предложените законски измени...

Советот за следење на имплементацијата на стратегијата за реформи на правосудниот сектор, на втората седница одржана вчера попладне, ги разгледа предложените законски решенија за судовите и за Судскиот совет, соопшти владината прес- служба.
Веќе в среда, по празниците, пратениците во Собранието на Република Македонија ќе расправаат по предложените измени. Членовите на Советот, во дискусиите акцент ставија на предложените законски одредби кои се однесуваат на одговорноста на судиите, како и на предложените членови во предлог- законот за нивната заштита, а се со цел да се постигне што поголема независност на судството и враќање на дигнитетот на судиите.
На седницата на Советот присуствуваа и претставници на ОБСЕ кои најавија редовно присуство и поддршка и во наредниот период, информира прес- службата на Владата.
