Приштина

Активирана групата за изработка на статутот на ЗСО

05.04.2018 10:30

Хашим Тачи и премиерот Рамуш Харадинај ја реактивираа раководната група која ќе работи на предлог-статуот на Заедницата на српски општини (ЗСО).

Претседателот на Косово, Хашим Тачи и премиерот Рамуш Харадинај ја реактивираа раководната група која ќе работи на предлог-статуот на Заедницата на српски општини (ЗСО).

Процесот ќе биде транспарентен и сеопфатен и ќе опфати три работни механизми: Раководен тим, комитети за имплементација и Национална консултативна група, кои ќе гарантираат вклучување на целиот политички спектар, граѓанското општество и други  релевантни механизми, се наведува во соопштението на косовската Влада.

Нагласено е и дека ќе бидат вклучени и меѓународни механизми, кои му помагаа на Косово во сите фази.