Рочишта за „ТНТ“, „Труст“ и „Насилство во Центар“ во Кривичен суд

05.04.2018 10:44

На рочиштето за „ТНТ“ треба да бидат слушани 16 аудиоразговори од т.н. „бомби“ во врска со уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот и претседател на Партијата за европска иднина, Фијат Цаноски.

Во Кривичниот суд за денеска се закажани рочишта за предметите на СЈО, „ТНТ“, „Труст“ и „Насилство во Центар“.

На рочиштето за „ТНТ“ треба да бидат слушани 16 аудиоразговори од т.н. „бомби“ во врска со уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот и претседател на Партијата за европска иднина, Фијат Цаноски.

Во овој предмет се обвинети поранешниот премиер Груевски, ексминистерот за траснпорт и врски Јанакиески, поранешниот градоначалник на општина Гази Баба Трајковски, градежна инспекторка од Гази Баба и тројца членови на Општинската комисија за набавки.

Според обвинителниот акт, со постапката на уривање е предизвикана штета од 16 милиони евра, а дополнително на буџетот на општина Гази Баба уште три милиони денари.

Цаноски и фирмата „Фимет“ најавија дека ќе поднесат побарувања за причинетата штета.