ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ гони политички неистомисленици со конструирани обвиненија
05.04.2018 10:45
Според партијата, на овој политички прогон мора да му дојде крајот, судиите мора да ги почитуваат Уставот, законите и човековите права на секој граѓанин, без разлика на неговата политичка определба или политички став.

Со цел да го оттргне вниманието од катастрофалните политики, СДСМ гони политички неистомисленици со конструирани обвиненија, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, на овој политички прогон мора да му дојде крајот, судиите мора да ги почитуваат Уставот, законите и човековите права на секој граѓанин, без разлика на неговата политичка определба или политички став.
Судот мора да ги ослободи од неоснованиот притвор сите политички жртви и да ги отфрли нарачаните обвиненија, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
