Информативна средба за консолидација на земјиштето
Средбата се организира во рамки на проектот „Маинланд“, воведување национална програма за консолидација на земјиштето, финансиран од ЕУ, кој го спроведува Меѓународната организација за храна со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во селото Спанчево, општина Чешиново- Облешево, денеска ќе се одржи информативна средба со земјоделците и сопствениците на земјиште од Спанчево, Чешиново, Соколарци и Чифлик, на која ќе стане збор за процесот на консолидација.
Средбата се организира во рамки на проектот „Маинланд“, воведување национална програма за консолидација на земјиштето, финансиран од ЕУ, кој го спроведува Меѓународната организација за храна со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Спанчево, Чешиново, Соколарци и Чифлик се четири од дванаесетте локации избрани за проектот за консолидација на земјоделско земјиште.
