Столтенберг: НАТО не сака да ја изолира Русија
05.04.2018 11:42
Поради труењето со нервен агенс на поранешниот руски агент, Алијансата во знак на солидарност со Велика Британија протера седум руски дипломати...

НАТО не се обидува да ја изолира Русија, но мораше да реагира за да го манифестира своето незадовоство поради случајот со Сергеј Скрипал, порача генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.
Поради труењето со нервен агенс на поранешниот руски агент, Алијансата во знак на солидарност со Велика Британија протера седум руски дипломати од седиштето во Брисел.
