Здравство

Филипче: Сметката на Клиниката за гинекологија ќе биде одблокирана со аванс од ФЗОМ

05.04.2018 12:37

Авансот е во висина колку што е сумата за блокираната сметка. Министерот за здравство посочи дека не станува збор за пари кои се скратени од некаде, туку за дополнителна сума...

Сметката на Клиниката за гинекологија ќе биде одблокирана со пари што Фондот за здравствено осигурување ги обезбедил за клиниката како аванс- информираше министерот за здравство Филипче. Авансот е во висина колку што е сумата за блокираната сметка, посочи дека не станува збор за пари кои се скратени од некаде, туку за дополнителна сума.

„Ќе се обезбеди дополнитена сума пари во форма на аванс. Таа сума ќе биде достапна за Клиниката за гинекологија во текот на денешниот ден или евентуално заради близината на празниците во текот на наредната недела во вторник. Проблемот е решен и сметката ќе биде ослободена за нормално функционирање на клиниката“, изјави министерот Филипче.

Тој не очекува наскоро да дојде до ново блокирање на сметката на клиниката, иако има уште постапки кои се водат за истата проблематика заради која сметката на Гинекологија беше блокирана.

Сметката на Клиниката неколку дена беше блокирана поради достасани барања за исплата на извршени судски решенија.