Богов: Извозот го водат странските компании во зоните, од инвестициите ќе зависи растот
Според гувернерот Богов, ако реалниот сектор повторно почне да инвестира, ќе се зголеми побарувачката за кредити...

Извозот го водат странските компании во зоните. Од инвестициите ќе зависи колкав ќе биде растот годинава, изјави гувернерот на Народната банка. Според Богов, ако реалниот сектор повторно почне да инвестира, ќе се зголеми побарувачката за кредити.
„Извозот оди одлично, над нашите очекувања, стапката на раст е висока, и главно е водена од новите производствени капацитети во слободните зони. Оние толку критикувани капацитети го водат извозот, а со тоа и ќе имаат значаен придонес врз економскиот раст годинава. Се уште немаме индикатори за тоа какви ќе бидат инвестициите, тие минатата година беа слаби, и од нив ќе зависи колку ќе биде растот оваа година. Какви ќе бидат инвестициите, зависи дали е вратена довербата во реалниот сектор“, изјави гувернерот Богов.
Банките имаат потенцијал да го поддржат кредитниот раст. Влезот во НАТО би го намалил политичкиот ризик и би се креирале постабилни услови за економските субјекти, вели гувернерот Богов.
