Средба Коѕијас- Кумуцакос за разговорите за името
Кумуцакос со кус коментар дека опширно разговарале со Коѕијас...

Безмалку два и пол часа траела средбата на шефот на грчката дипломатија со одговорниот за надворешна политика во опозициската Нова демократија, Кумуцакос. Средбата била затворена за медиумите, без дополнителни информации.
По брифингот на господинот Коѕијас со опозицијата за скопското прашање, нашите грижи се интензивираа. Нова демократија останува цврсто на потребата за едно комплетно, сеопфатно и конечно решение, кое целосно ќе одговара и на конкретните предуслови што од почеток ги поставивме и на оправданата чувствителност на Грците. Без такво решение, нема да ѝ се даде на ПЈРМ можност за било каков нејзин натамошен пристап во НАТО и ЕУ, вели надлежниот за надворешна политика во Нова демократија.
Кумуцакос со кус коментар дека опширно разговарале со Коѕијас, за што ќе го информирал шефот на партијата Мицотакис.
