Собрание на РМ

Јавна дебата за Предлог- законот за високо образование

05.04.2018 14:32

Академската заедница, професори, студенти на јавна дебата во Собранието со забелешки на новиот Предлог- закон за високо образование. Понудија насоки како до подобар текст за поквалитетно образование...

Академската заедница, професори, студенти на јавна дебата во Собранието со забелешки на новиот Предлог- закон за високо образование. Дадоа насоки како до подобар текст за поквалитетно образование.

Дел од ректорите на државните универзитети оценија дека законот е добар, но е потребно да се прецизира начинот на финансирање на институциите, бараат млад стручен кадар, повисоки плати, лаборатории за научниците.

Дел од приватните факултети, пак, реагираат дека наставните звања не се докрај прецизирани. Бараат да се променат одредбите што предвидуваат докторските студии да ги организираат само седумте прворангирани универзитети.

Студентските парламенти ќе бидат дел од универзитетите. Се бара поголема независност на студентскиот правобранител и формирање тело за пријава на корупција и дискриминација.

Министерката дескоска оцени дека е неопходна изработка на нов закон, поради како што вели, нефукционалноста на постојниот. Тврди дека автономијата ќе биде главен темел, а фокусот е ставен на студентското организирање. Ослободени од партиципација ќе бидат децата без родители и со инвалидитет. Дел од новините и формирање Агенција за квалитет на образованието.

Вториот филтер на Законот за високото образоивание, на комисија во Собранието во петок.

 

Викторија Милевска