Случај „ТНТ“: Одбраната бара изземање на судечкиот совет

05.04.2018 14:50

Адвокатот побара изземање и на судиите кои треба да одлучуваат по предлогот, меѓу кои и претседателот на судот Иван Џолев.

Ново продолжение на судскиот процес за случајот на СЈО- „ТНТ“, за уривањето на комплексот „Космос“. Одбраната бара изземање на целиот судечки совет. Велат дека судиите, како и поротниците се дел од луѓето кои биле незаконски прислушувани, па поради тоа се доведува во прашање можноста да постапуваат во предметот.

Адвокатот побара изземање и на судиите кои треба да одлучуваат по предлогот, меѓу кои и претседателот на судот Иван Џолев.

Меѓу обвинетите во овој случај се екс- премиерот Никола Груевски, поранешниот министер Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски.