Политика

Заев: До крајот на април ќе заврши реконструкцијата на Владата

05.04.2018 15:04

Во зависност од квалитетот на кадрите ќе се најдат решенија за владините ресори, истакна премиерот Заев.

Разговараме со политичките партии за реконструкција на Владата, истакна премиерот Зоран Заев во Штип. Тој рече дека се забрзува процесот за пополнување и на испразнетото место во Министерството за правда. Во зависност од квалитетот на кадрите ќе се најдат решенија за владините ресори, истакна премиерот Заев.

„До крајот на април верувам дека ќе завршиме со реконструкцијата на Владата. Разговараме веќе за одредени кадри, јас почнав разговор и со политички партии и со пратеници во самиот Парламент, па согласно со квалитетот на кадарот ќе бидат така и назначени самите луѓе. Заради тоа не излегувам веднаш со ново решение за министер за правда, сакам да го искористам просторот околу преговорите за реконструкцијата на Владата и нејзиното зајакнување, па во целиот овој пакет секако ќе го пополниме и испразнетото место во Министерството за правда и ќе настапиме со други кадровски решенија“, изјави премирот Заев.