Шест години затвор за Бобан Илиќ, таткото на Алмир доби шест месеци
Бобан Илиќ обвинет за сообраќајна несреќа со смртни последици во случајот со четиригодишниот Алмир од Куманово е осуден на шест години затвор. Казна од шест месеци доби таткото на прегазеното дете...

Шест години затвор за Бобан Илиќ кој со автомобил го усмрти малиот Алмир Алиу. Шест месеци доби таткото на Алмир, а по девет месеци заработија уште двајца кои според судијката придонеле да дојде до трагичните последици.
Според адвокатот на семејството на Алиу, одлуката била срамна. Најави жалба до повисоките судски инстанци.
Првично случајот беше оквалификуван како „убиство со умисла“, но, по неколку вештачења, беше преквалификувано во „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“. Тоа предизвика серија протести во јавноста.
По преквалификувањето, Илиќ беше пуштен на слобода, до конечната пресуда. Несреќата се случи на 25-ти јуни, пред две години во Куманово.
Наташа Гркова- Петрушевска
