Метео: Променливо време за Велигденските празници
05.04.2018 15:25
Локално ќе наврне над 25 литри на метар квадратен. Ќе дува и умерен до засилен ветер од северозападен правец што ќе предизвика пад на температурата.

Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд поинтензивни во северните и централните делови.
Локално ќе наврне над 25 литри на метар квадратен. Ќе дува и умерен до засилен ветер од северозападен правец што ќе предизвика пад на температурата.
Врнежите на места ќе продолжат и во сабота претпладне, а потоа следува стабилизирање на времето со постепено затоплување.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
