Се прават новите проекции, растот најмногу ќе зависи од инвестициите
Извозот го водат странските компании во зоните. Од инвестициите ќе зависи колкав ќе биде растот годинава, изјави гувернерот на Народна банка. Според Богов, ако реалниот сектор повторно почне да инвестира, ќе се зголеми побарувачката за кредити. Банките имаат потенцијал да го поддржат кредитниот раст. Влезот во НАТО би го намалил политичкиот ризик и би се креирале постабилни услови за економските субјекти...

Извозот е над очекувањата, воден од компаниите во зоните. Од инвестициите ќе зависи колкав ќе биде растот годинава, изјави првиот човек на Народна банка. Се прават новите проекции, НРБМ ќе ги објави во почетокот на мај. Според Богов, влезот во НАТО би го намалил политичкиот ризик, со што би се креирале постабилни услови за економските субјекти.
„Извозот е над очекувањата. Стапката на раст на извозот е многу висока и таа главно е водена од оние нови производствени капацитети во слободните економски зони, значи оние многу критикувани капацитети го водат извозот и со тоа веројатно ќе имаат значаен придонес врз економскиот раст годинава“, изјави гувернерот на НБРМ.
Нема потреба од затегање на монетарната политика, оцени Богов, откако Централната банка пред околу еден месец ја намали основната камата. Движењата на девизниот пазар се добри, инфлацијата сѐ уште е ниска, има можност за поддржување на економските политики.
„Нашата економија минатата година имаше нула стапка раст и тоа значи дека се уште нема потреба од затегање, напротив минатиот месец ние наприввме мало релакесирање бидејќи почувствуваме дека условите за монтерната политика се многу стабилни, девизините приливи се доста солидни и една од причините е и добриот извоз, така што сѐ уште е рано да се зборува за некој циклус на затегање во Македонија. Гледаме дека и Европската централна банка сѐ уште не започнала со таков циклус“, нагласи Богов.
Банките го следат сигналот на Народната бакна, но водат сметка и за општата политичка ситуација, оценува Богов. Ако реалниот сектор повторно почне да инвестира и се зголеми побарувачката за кредити, банките имаат капацитет да го поддржат растот.
Сунчица Николоска
