„Боинг“- прва жртва на трговската војна меѓу САД и Кина
Како одговор на царините за кинеските производи кои ги воведе САД, Пекинг најави воведување на царини на авиони со тежина од 15 и 45 тони, вклучително и најбараниот модел „Боинг 737“.

25 проценти царина на увозот на авиони дефинитивно ќе ја истисне од кинескиот пазар американската омпанија „боинг“, а нејзиниот конкурент „Ербас“ се здобива со решевачка предност на огромниот пазар.
Како одговор на царините за кинеските производи кои ги воведе САД, Пекинг најави воведување на царини на авиони со тежина од 15 и 45 тони, вклучително и најбараниот модел „Боинг 737“.
Кина, која би требало до 2022-ра да ги надмине САД и да стане најголемиот светски пазар за авиони, е од суштинско значење за компанијата од Чикаго.
Имено, повеќе од половина од комерцијалните авиони кои се користат во Кина, ги има произведено токму компанијата „Боинг“.
