Распродадени Велигденските аранжмани
Велигденските јајца ќе се кршат најмногу во Грција, Бугарија, Дубаи, Париз, Виена. Продолжениот празничен викенд распродаден во туристичките агенции...

Велигденските празници ги распродадоа туристичките аранжмани. Дубаи, Париз, Виена, меѓу најбарани дестинации, од соседството Грција и Бугарија. Голем е интересот за Банско.
Од агенциите велат дека цените не се променети во однос на лани, има и поевтинување за некои дестинации. Во зависност од хотелот и од услугата, треба да се одвои од 80 за регионот, и до 300 евра по лице за европските дестинации.
„Имаше голем интерес. Оваа година подготвивме повеќе дестинации, имаше индивидуални патувања со можност за датум и избор на ноќевања. Такви дестинации се Истанбул, Дубаи, Банско, Грција“, вели Сузана Зелениковска, туристички работник.
Некои заминаа, други за Велигден ќе останат дома поради ограничениот буџет. Во понудата има и домашните капацитети, за кои има интерес.
Пролетното време и неработните денови се можност за прошетка. Туристичките агенции пак, од година в година ја зголемуваат понудата за Велигденските празници.
Дијана Ценевска
