Јане Чаловски ќе има предавање во Виена

25.02.2014 10:16

Македонскиот уметник Јане Чаловски вечер ќе одржи предавње во културниот комплекс MuseumsQuartier во Виена, на кое ќе се осврне на својата досегашна уметничка практика, а свое излагање ќе има и хрватскиот уметник Немања Цвијановиќ.

По презентацијата на двајцата уметници ќе следува отворена дискусија, под модераторство на Волтер Седл, куратор на уметничката колекција на Ерсте груп (Erste group).

Гостувањето на Јане Чаловски на овој настан е заокружување на неговиот резиденциски престој во рамки на програмата Artist in Residence во Quartier21,  на покана на организаторите на меѓународниот проект и изложба Места на транзиција (Places of Transition) на кураторите Гулсен Бал и Волтер Седл.

Уметничката практика на Чаловски е насочена кон експериментални идеи.  Неговите објекти, цртежи, видеа и инсталации често произлегуваат од неговото континуирано искуство во различни интернационални контексти и биле изложувани меѓународно, на индивидуални и на групни изложби во Скопје, Лондон, Келн, Вилнус, Љубљана, Њујорк...