Договарање на новото производство на тутун
Тутунарите веќе го расдуваат тутунот на нивите за новата реколта. Тие бараат покрај зголемените субвенции, поради поголемите трошоци за новото производство и зголемување на откупната цена за 20 проценти...

До денеска треба да бидат склучени договорите на тутунопроизводителите со монополите. Тутунарите бараат од откупувачите да ги зголемат откупни цени за 20 проценти, по класи и по типови на тутун за реколтата од 2018-та година, заради зголемените трошоци за производството и подобриот квалитет на родот.
Од откупот годинава, тутунарите беа задоволни од проценката на квалитетот на тутунот и од зголемувањето на субвенцијата.
Според нив со поголемите субвенции за повисоките класи ќе се зголеми и квалитетот и ќе се стимулира производството на поквалитетен тутун кое ќе им донесе поголема финансиска поддршка од државата.
Ланската реколта беше откупена по просечна цена од 217,5 денари по килограм, а сега тутунарите бараат просечната цена да биде 244 денари.
Методија Трајков
