Судење

Џафери, Кирацовски и Манчевски ќе сведочат за нападот врз Села

10.04.2018 10:24

За обид за убиство на пратеникот Зијадин Села се обвинети 10- мина. Сите се изјаснија за невини и не се согласуваат со делото за кое се товарат...

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и пратеникот од СДСМ, Александар Кирацовски, во Кривичниот суд ќе сведочат за нападот врз пратеникот Зијадин Села во Собранието на 27-ми април.

Тие би требало да извршат и препознавање на лицата што го претепаа Села, бидејќи беа во прес- салата каде што се случи немилиот настан.

Претставникот на Институтот за судско вештачење, кој сведочеше пред судот, рече дека сериозните повреди му го загрозиле животот на Села.

За обид за убиство се обвинети 10-мина. Сите се изјаснија за невини и не се согласуваат со делото за кое се товарат.

Зијадин Села бара отштета од 500 илјади евра.