Организација на потрошувачи: Над 1.800 претставки за една година
Безмалку по пет претставки дневно пристигнуваат во Организацијата на потрошувачи во текот на годината. Граѓаните имаат забелешки на квалитетот и на техничката исправност на купените производи. Дел од трговците ги заменуваат неисправните производи со нови, дел завршуваат и на суд...

Над 1.800 преставки до Организацијата на потрошувачи на Македонија за една година. Граѓаните се жалат на неисправни или небезбедни производи, на проблеми со техничката стока и апарати за бела техника.
Од Организацијата посочуваат дека во одредени случаи производите биле заменети, но дел од споровите завршиле на суд. Граѓаните сметаат дека во минатото, купените производи имале подолг век на траење.
До Организацијата на потрошувачите стигнале преставки и за финансиски услуги и услугите на телефонските оператори. Поплаки имало и за услугите од јавен карактер.
Според законските прописи, потрошувачот треба да добие точни информации за квалитетот на производот или услугата, условите за продажба. Ако има производи со недостаток или грешка, таквите производи треба физички да бидат одвоени од останатите производи.
Дијана Ценевска
