Рудник „Саса“: Утре состанок на раководството и синдикатот

10.04.2018 11:09

Вработените бараат зголемување на платата, подобрување на условите за работа во рудникот и регулирање на пензискиот стаж.

Синдикатот на вработените во рудникот „Саса“, утре ги почнува преговорите со менаџментот за решавање на економско- социјалните барања, кои беа причина за штрајкот во март.

Вработените бараат зголемување на платата, подобрување на условите за работа во рудникот и регулирање на пензискиот стаж. Доколку не се исполнат барањата, се најавува активирање на штрајкот.

Засега Синдикатот не открива колкав процент на покачување на платите бараат.