Лондон
„Скај Њуз“: Јулија Скрипал пуштена од болница
10.04.2018 11:15
Јулија и Сергеј Скрипал беа пронајдени во бесвесна состојба во Солсбери пред повеќе од пет недели.

Британскиот медиум „Скај Њуз“ објави дека ќерката на поранешниот руски шпион, сергеј Скрипал, Јулија која заедно со нејзиниот татко беше отруена со нервен агенс е пушена од болница и дека се наоѓа на безбедна локација.
Медиумот понатаму наведува и дека нејзината здравствена состојба драстично се подобрила.
Јулија и Сергеј Скрипал беа пронајдени во бесвесна состојба во Солсбери пред повеќе од пет недели. Тие беа отруени со нервен агенс, за што западните земји ја обвинија Русија.
