Кривичен суд

Претседателот на Собранието, Џафери сведок за нападот врз пратеникот Села

10.04.2018 12:54

Собранискиот спикер рече дека критичниот ден сѐ почнало околу 19 часот кога група граѓани насилно влегле во прес- центарот на Собранието. Како што посочи, напаѓачите извикувале- „сите ќе ве убиеме, нема да излезете од тука“.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери во Кривичниот суд прв сведок во главната расправа за за нападот врз пратеникот и лидер на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, во Парламентот на 27-ми април лани.

Собранискиот спикер рече дека критичниот ден сѐ почнало околу 19 часот кога група граѓани насилно влегле во прес- центарот на Собранието. Како што посочи, напаѓачите извикувале- „сите ќе ве убиеме, нема да излезете од тука“.

„Насилно почнаа да напаѓаат, прво физички, а потоа и со сета опрема што се користеше како средство за напад врз сите нас, пратеници, медиуми и сите што бевме во прес-центарот. Зоран Заев, Оливер Спасовски, Горан Мисовски, Александар Кирацовски, Дамјан Манчевски, Весел Мемеди, Сурија Рушити и Зијадин Села направија кордон пред мене и јас се повлеков поназад. Покрај мене беше и снимателот на ТВ 24. Лица кои застанаа во моја заштита, покрај пратениците, беа и од обезбедувањето на Оливер Спасовски“, рече Џафери.

По него, за собраниските настани треба да сведочат и министерот Манчевски и пратеникот од СДСМ, Кирацовски.

За обид за убиство се обвинети 10- мина. Сите се изјаснија за невини и не се согласуваат со делото за кое се товарат.

Зијадин Села бара отштета од 500 илјади евра.