Северна Кореја

Ким Џонг-Ун го анализираше исходот од дијалогот со САД

10.04.2018 12:56

На состанокот на Работничката партија, тој ги утврди стратегиските и тактичките прашања кои треба да ги усвои владејачката партија.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун го анализираше исходот од најавениот дијалог со САД и развојот на билатерланите односи на двете Кореи, пред самитот со јужниот сосед на 27-ми април.

На состанокот на Работничката партија, тој ги утврди стратегиските и тактичките прашања кои треба да ги усвои владејачката партија.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во мај или почетокот на јуни планира средба со севернокорејскиот лидер, изразувајќи надеж дека ќе успеат да ја запрат нуклеарната програма на полуостровот.