Случај „Тенк“: Одбраната побара изземање на Судечкиот совет

10.04.2018 12:59

Адвокатот на првоосомничениот, Никола Груевски побара изземање на Судечкиот совет. Како што беше образложено, специјалната обвинителка Катица Јанева во изјава на национална телевизија рекла дека има судии кои постапуваат по предмети на СЈО, а биле прислушувани.

Во Кривичниот суд, рочише за предметот на Специјалното јавно обвинителство „Тенк“, за набавката на блиндираниот „мерцедес“.

Адвокатот на првоосомничениот, Никола Груевски побара изземање на Судечкиот совет. Како што беше образложено, специјалната обвинителка Катица Јанева во изјава на национална телевизија рекла дека има судии кои постапуваат по предмети на СЈО, а биле прислушувани.

Одбраната побара изземање и на претседателот и замениците претседатели на Кривичниот суд и на Апелација.

Се очекува да се слушаат дисковите со прислушуваните материјали што се доказ во постапката.