С. Кореа провоцира: патролен чамец ја преминал границата со Ј. Кореа
25.02.2014 10:29
Севернокорејски патролен чамец неколкупати во текот на ноќта ја поминал спорната морска граница со Јужна Кореја, соопшти денеска Министерство за одбрана во Сеул.

Граничниот инцидент се случил пред одржувањето на заеднича воена вежба на јожнокрејската и американската воена морнарица.
При една од повредата на границата на Јужна Кореја, севернокорејскиот патролен чамец навлегол две наутички милји (3,7 километри) во јужнокорејските територијални води .
- Сметаме дека целта била да се тестира нашата воена подготвеност, изјави портпаролот на јужнокорејското Министерство за одбрана.
Повредите на спорната морска граница меѓу двете Кореи од страна на Пјонгјанг зачестија од почетокот на годината.
