ВМРО-ДПМНЕ: Република Македонија е заробена држава
Според партијата, правната несигурност и корупцијата донесоа економска стагнација. СДСМ за 10 месеци ги задолжи државата и граѓаните за 1,6 милијарди евра, нема инвестиции.

Република Македонија е заробена држава, институциите не се во служба на граѓаните, туку на владејачката структура, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, правната несигурност и корупцијата донесоа економска стагнација. СДСМ за 10 месеци ги задолжи државата и граѓаните за 1,6 милијарди евра, нема инвестиции.
Свесни за бездната кон која ја туркаат Република Македонија, а слепо водени од желбата за власт, се злоупотребуваат институциите, законите се само мртво слово на хартија, а судството е нем извршител на наредбите од партиската врхушка, стои во дописот.
Десетиците политички жртви се средство за дефокус на власта од катастрофално лошите политики, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
