Новините во Законот за основно образование на јавна расправа
Помалку часови, повеќе можности за талентираните ученици, надворешна евалуација на училиштата и нивно рангирање. Министерката Дескоска најави и намалување на неделниот фонд на часови за одделенските нaставници. Услови за образование и за учениците со посебни потребни. Новините во Законот за основно образование на јавна расправа...
Помалку часови за учениците, повеќе одмор за наставниците. Презентирани измените во Законот за основно образование. Повеќе нема да има часови во сабота, наставата во учебната година ќе трае од 175 до 180 наставни дена. Во една паралелка ќе може да има максимум 24 ученици, а во комбинираните најмногу 10.
Дел од новините и програми за заштита од насилство и од злоупотреба, како и превенција на дискриминација и девијанто однесување. Вработени ќе имаат обврска да промовираат еднаквост меѓу основците, а доколку ученикот користи говор на омраза, родителот ќе биде повикан на советување. За учениците со посебни потребни, обезбедени соодветни услови за образование.
МОН ќе воведе образование и за учениците што подолг период се на домашно и болничко лекување. За талентираните основци ќе има посебна настава, приспособена на нивните способности.
Дополнително се воведува професионална орентација во училиштата и нови стандарди во исхраната. Законот на јавна расправа. Стручната јавност ќе има еден месец да поднесе забелешки и предлози.
Викторија Милевска
