Здравство

Пациентите заболени од ТБЦ лекувани според протоколите

10.04.2018 14:40

Директорот на Иснтитутот за белодробни заболувања реагира дека изјавата дадена пред две недели во врска со 21 пациент заболени од туберкулоза му била извадена од контекст. Тврди дека болните биле лекувани според сите протоколи. Ги обвини матичните лекари дека на време не ја препознале болеста, па биле хоспитализирани кога таа била во напредна фаза...

Пациентите заболени од туберкулоза се лекувани според сите протоколи- тврди директорот на Институтот. Биле хоспитализирани кога заразната болест преминала во напредна фаза, проблемот го посочува кај матичните лекари бидејќи навреме не ја препознале болеста. Додава дека неговата изјава дадена пред две недели е извадена од контекст.

„Според сите протоколи пациентите се лекувани. Состојбата е санирана, испратени се на домашно лекување. Де јуре, де факто стои дека се лекувани. А не како што беше пренесено дека лекарите не знаат да лекуваат тука во Институтот. Се вадат од контекст мои зборови и се соопштува она што не сум го кажал. Тие пациенти што дошле тука дошле со активна ТБЦ што претходно не била препознаена, за тоа не е Институот виновен. Таму кај што оделе кај социјална, семејна медицина, матични лекари, школската медицина-  тие требале да ја препознаат, проблемот е тоа што тука немаме едукација“, вели д-р Предраг Божичковиќ, директор на Инстутутот за белодробни заболувања и туберкулоза.

Пред две недели, на Светскиот ден за борба против туберкулоза Божичковиќ изјави дека 21 пациент на возраст од 15 до 38 години биле лекувани со месеци иако немале дијагноза.

„Имаме 21 пациент на возраст од 15 до 38 години кои се лекувани од шест месеци до една година, а не се дијагностицирани. Затоа што немаме катедра и нема кој да ги обучува лекарите. Лекарите не можат да препознаат ТБЦ. Единствена референтна установа за ТБЦ е Институтот за белодробни заболувања. Да се врати катедрата и едукацијата таму каде што припаѓа“, изјави д-р Божичковиќ.

Случајот го испитуваше и стручна комисија формирана од Министерството за здравство. Извештајот е контра тврдењата на директорот на Институот, во него пишува дека посочените 21 пациент имале туберкулоза, биле навремено дијагностицирани и соодветно лекувани. 

 

Андријана Атанасовска