Сантијаго
Земјотрес од 6,2 стпени го погоди Чиле
10.04.2018 15:20
Земјотресот бил регистриран на 76 километри под површината на Тихиот Океан, со епицентар на околу 120 километри југозападно од пристанишниот град Кокимба.

Земјотрес со интензитет од 6,2 степени според Рихтер го погоди крајбрежниот регион во централниот дел на Чиле, при што нема опасност од појава на цунами.
Земјотресот бил регистриран на 76 километри под површината на Тихиот Океан, со епицентар на околу 120 километри југозападно од пристанишниот град Кокимба.
Чилеанската служба за вонредни состојби соопшти дека нема информации за жртви или материјална штета.
