Собрание на РМ

В четврток пакетот реформски закони во судството

10.04.2018 14:03

Според најавите, до крајот на неделава, пред пратениците треба да се најдат и пакетот закони за следење на комуникациите.

Иако првично закажани четири пленарни седници, на официјалниот сајт на Собранието, потврда дека се одржува само една пленарка. Законот за судовите, за јавното обвинителство и за кривична постапка во второ читање ќе бидат разгледувани в четврток.

Според најавите, до крајот на неделава, пред пратениците треба да се најдат и пакетот закони за следење на комуникациите.

Утре на седница е интерпелацијата за владата, поднесена од ВМРО-ДПМНЕ. По барањето се потпишани 41 пратеник.