Здравство

За три месеци починати 35 бебиња, Министерството за здравство најавува нови мерки

10.04.2018 15:46

Починатите бебиња во периодот од јануари до крајот на март спаѓаат во категоријата предвремено родени бебиња. Околу 80 отсто од бебињата починале поради екстремно неразвиени органи и поради исклучително ниска родилна тежина.

Во првите три месеци од годинава на Клиниката за гинекологија биле родени вкупно 1.155 бебиња. Од нив 144 биле предвреме родени и третирани на одделот за интензивна нега, но 35 починале, соопшти денеска Министерството за здравство и најави нови мерки по завршување на анализите кои се во тек за подобрување на исходот од бременоста и здравјето на децата.

Починатите бебиња во периодот од јануари до крајот на март спаѓаат во категоријата предвремено родени бебиња. Околу 80 отсто од бебињата починале поради екстремно неразвиени органи и поради исклучително ниска родилна тежина.

Од Министерството известуваат дека трендот на смртност на предвреме родени бебиња бележи пад во 2016-та. Во првите три месеци од годината починале 38 предвреме родени бебиња, додека лани 41 бебе.

Министерството за здравство укажува дека, за жал состојбите, кои ги затекнале во најголем дел од родилиштата, не можат да се поправат само за неколку месеци. Ќе треба долго време да се надомести недостигот на стручен кадар, бидејќи повеќе од 10 години не се планирало и не се создавал кадар, во согласност со потребите на здравствените установи.