Сообраќај

22 сообраќајки во Скопје за продолжениот викенд

10.04.2018 16:18

Речиси во сите причината е поголема брзина од дозволената, непочитување на сообраќајната сигнализација...

Дваесет и две сообраќајни несреќи се случиле само во Скопје за време на продолжениот викенд. Во осум од нив има регистрирано 11 лица со тешки телесни повреди.

Речиси во сите причината е поголема брзина од дозволената, непочитување на сообраќајната сигнализација, а во дел од нив е констатирано дека возачите биле под дејство на алкохол.

Санкционирани се 21 возач бидејќи се возеле со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај се исклучени 49 возачи. Во однос на пешаците – двајца пешаци се санкциониран бидејќи поминале коловоз надвор од пешачки премин.

Во текот на изминатите денови 30 возила се подигнати со „пајак”.