Касарна „Мирче Ацев“

Одбележан Денот на Артилерискиот баталјон

10.04.2018 16:26

Артилерискиот баталјон при прилепската касарна „Мирче Ацев“ го одбележа својот ден, 10-ти април. Баталјонот, дел од Првата механизирана пешадиска бригада е формиран веднаш по основањето на АРМ во 1992-ра. Голема е соработката со локалните власти и граѓаните која ќе се надградува, велат надлежните од АРМ. Единицата има сертификат за учество во НАТО- мисиите...

Пригодно, со демонстрација на своето оружје и моќ, Артилерискиот баталјон во прилепската касарна „Мирче Ацев“ го одбележа својот ден, 10- ти април. Тој е една од најдобрите единици и ја претставува огнената моќ на Првата механизирана пешадиска бригада, со годрост денеска истакнаа надлежните во касарната.

Традиционална е соработката на баталјонот со локалните власти, со јавниот, бизнис секторот и со граѓаните. Единицата има сертификат за борбена способност за учество во НАТО- мисиите.

Прилепската касарна „Мирче Ацев“ е реактивирана во 2013-та година по период од седум години неактивност. На денешната пригодна свеченост во касарната присуствуваа градоначалниците од Прилепскиот регион.

 

Елизабета Митреска