Собрание на РМ

Седница за гласање доверба на Владата

11.04.2018 10:32

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 42-та седница на која на дневен ред е барањето за гласање доверба на Владата поднесено од опозициската ВМРО-ДПМНЕ...

За 11 часот е закажана 42-та собраниска седница на која пратениците ќе расправаат за барањето доверба на Владата. Подносителите од опозициската ВМРО- ДПМНЕ велат, подготвени сме да ги изнесеме сите аргументи против начинот на работата. Очекуваат поддршка од сите пратеници на кои, според партијата, интересите на државата им се поважни од партиските.

СДСМ одговара, ќе ги потсетиме на поразителните политики кои ги водеа изминатите 10 години кога беа на власт, и за тоа што преземаме за да се отстранат последиците.

БЕСА нема да ја поддржи интерпелацијата. Тврдат дека таквиот став не се темели на разговорите со Заев за евентуален нивни влез во некоја од владините фотељи.

Во барањето за интерпелација од ВМРО- ДПМНЕ, опфатена е работата на сите министерства. Од опозицијата велат дека Планот 3-6-9 доживеал целосен колапс, а владеачката коалиција ги партизирала институциите и ја погазила демократијата, Уставот и законите во земјава.