Коѕијас попладнево пристигнува во Охрид

11.04.2018 10:34

Од македонското Министерство за надворешни работи наведуваат дека посетата на Коѕијас е во рамки на континуираниот дијалог меѓу двајцата министри, во контекст на напорите за надминување на разликата околу името, како и генералното унапредување на односите помеѓу двете земји.

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас, како што пренесуваат грчките медиуми, треба доцна попладне да пристигне во Охрид. Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција ќе имаат работна вечера, а официјалната средба е најавена за утре.

Од македонското Министерство за надворешни работи наведуваат дека посетата на Коѕијас е во рамки на континуираниот дијалог меѓу двајцата министри, во контекст на напорите за надминување на разликата околу името, како и генералното унапредување на односите помеѓу двете земји.

Премиерот Зоран Заев, за средбата во Охрид, нагласи дека очекува да се постигне дополнителен прогрес, по разговорите на двајцата министри во Виена.