Турција

Претседателот Иванов на Евроазискиот самит во Истанбул

11.04.2018 10:39

Претседателот на републиката, Ѓорге Иванов е во Турција. Ќе учествува на дводневниот Евроазиски самит...

Претседатели, високи владини претставници, амбасадори, градоначалници, бизнисмени. Турција ги спојува Европа и Азија. По 21-ви пат во Истанбул се одржува дводневниот економски самит, организиран од фондацијата „Мармара“, групацијата посветена на политичко- економски и социолошки истражувања.

Македонската делегација ја предводи претседателот Иванов. Годинава на собирот се дискутираат важни теми од политиката, технологијата, енергетиката, се разговара за иднината со младите генерации, за паметни градови.

Претседателот Иванов во Истанбул учествува на 21-от евроазиски економски самит, организиран од фондацијата „Мармара“. Посетата на Турција, шефот на државава ја почна со средба со неговата светост, Севселенскиот патријарх Вартоломеј.

Претседателот Иванов со патријархот Вартоломеј имаше едночасовна средба и ја посети црквата Свети Ѓорѓи, верскиот храм каде што се наоѓа седиштето на Вселенската црква.

Црквата Свети Ѓорѓи е изградена во 15-от век, но била зафатена од пожар, а потоа е обновена во 1720 година. Во неа се наоѓа и дел од столбот на којшто бил камшикуван Исус Христос пред да биде распнат на крст.

 

Мартин Пушевски, специјален известувач од Истанбул за МРТ