Почнува пријавувањето субвенции за млеко
За да ги добијат субвенциите, сточарите кои го предале млекото од октомври до декември 2017-та година барањата треба да достават најдоцна до 16-ти мај. Финансиската поддршка изнесува 3,5 денари за литар кравјо, и 4 за овчо и козјо млеко.

Млекопроизводителите можат да почнат да се пријавуваат за субвенции за произведено и продадено овчо, козјо и кравјо млеко од октомври до декември 2017-та година.
Висината на поддршката е по 3,5 денари за еден литар кравјо и 4 за овчо и козјо млеко.
Барањата се поднесуваат по електронски пат до 16-ти мај во подрачните единици на Министерството каде што е регистрирано земјоделското стопанство или фармата.
До овој рок се поднесуваат и барањата за финансиска поддршка во живинарството за несилки набавени исто така од октомври до декември лани.
За секоја купена несилка и за производство на јајца ќе се добиваат по 100 денари.
Методија Трајков
