НАТО работилница за одбрана од тероризмот
На отворањето се најавени обраќања на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, и на Горазд Бартол, шеф на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје.

„Одбрана против тероризмот, подобрување на отпорноста на демократските институции и владеење на правото“ е насловот на работилницата за напредно истражување, што со поддршка на програмата на НАТО „Наука за мир и безбедност“ денеска почнува во Скопје.
На отворањето се најавени обраќања на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, и на Горазд Бартол, шеф на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје.
На работилницата, што ќе трае до 14-ти април, ќе учествуваат истакнати професори, академици и експерти од областа на безбедноста од земјата, како и од САД, Велика Британија, Франција, Италија, Белгија, Србија и од Грција.
