Продолжуваат судењата за „Тенк“, „Тарифа“ и „Тотал“
Треба да продолжи судењето за предметот „Тенк“ за набавката на луксузниот „Мерцедес“ вреден 600 илјади евра, во кој се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски.

Во Кривичниот суд за денеска се најавени рочишта за три предмети на СЈО. Треба да продолжи судењето за предметот „Тенк“ за набавката на луксузниот „Мерцедес“ вреден 600 илјади евра, во кој се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски.
Ново рочиште треба да се одржи и за случајот „Тарифа“, за извршена злоупотреба на службената положба во постапка по јавна набавка на софтвер- ЕРП систем за потребите на АД ЕЛЕМ.
Закажана е и главна расправа за предметот „Тотал“, во кој е осомничен новинарот Драган Павловиќ-Латас за затајување данок. Претходните две рочишта не се одржаа бидеќи не присуствуваше Павловиќ-Латас поради здравствени и семејни причини.
