Почнуваат преговорите меѓу синдикатот и раководството на „САСА“
11.04.2018 11:01
Вработените бараат зголемување на платата, подобрување на условите за работа во рудникот и регулирање на бенефицираниот пензиски стаж. Доколку не се исполнат барањата, се најавува активирање на штрајкот.

Синдикатот на вработените во рудникот „САСА“ , членови на „МЕСО“, денеска ги почнува преговорите со менаџментот за решавање на економско- социјалните барања, кои беа причина за предупредувачкиот штрајк во март.
Вработените бараат зголемување на платата, подобрување на условите за работа во рудникот и регулирање на бенефицираниот пензиски стаж. Доколку не се исполнат барањата, се најавува активирање на штрајкот.
Засега синдикатот не открива колкав процент на покачување на платите бараат.
