Министерот за надворешни работи на Украина, Климкин во посета на Македонија
Се очекува Димитров и Климкин на средбата да ги разгледаат можностите за натамошно унапредување на билатералните политички, економски и други односи.

Министерот за надворешни работи на Украина, Павло Климкин, денеска и утре престојува во официјална посета на Република Македонија, на покана на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.
Министерот Климкин ќе биде примен и од претседателот на Собранието, Талат Џафери, премиерот Зоран Заев и од вицепремиерот Бујар Османи.
Се очекува Димитров и Климкин на средбата да ги разгледаат можностите за натамошно унапредување на билатералните политички, економски и други односи.
Ќе бидат разменети и мислења за европските и евро-атланските аспирации и интеграции на двете земји, како и за други актуелни меѓународни прашања.
