Македонска воена делегација во посета на Хрвастка
Генерал Величковски ќе има средба со својот домаќин, началникот на генералштабот на вооружените сили на Република Хрватска, генерал Мирко Шундов.

Воена делегација на АРМ предводена од началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, од денеска престојува во тридневна официјална посета на вооружените сили на Република Хрватска.
Генерал Величковски ќе има средба со својот домаќин, началникот на генералштабот на вооружените сили на Република Хрватска, генерал Мирко Шундов.
За време на престојот, македонската воена делегација покрај генералштабот и Министерството за одбрана ќе ги обиколат командата за специјалните сили на воените сили на Хрватска и военото училиште „Фрањо Туѓман“ каде ќе ги посетат припадниците од АРМ кои се школуваат во оваа воена образовна установа.
