Стотици мртви при уривање на воен авион во Алжир

11.04.2018 11:50

Авионот се урнал по полетувањето од аеродромот на воената база во Буфарик, на 50 километри јужно од главниот град Алжир.

Околу 200 војници загинаа во Алжир при уривање на воен транспортен авион од типот ИЛ-76. Авионот се урнал по полетувањето од аеродромот на воената база во Буфарик, на 50 километри јужно од главниот град Алжир.

Со него се пренесуваа војници и опрема. Пред четири години, во уривање на авион кој превезувал војници и нивни семејства, загинаа 77 луѓе.