МВР ги истражува причините за пожарот во Министерството за правда
Неколку канцерарии се целосно уништени од пожарот. Допрва ќе се утврди до кој степен е направена штетата на одредени материјали...

МВР води истрага како дошло до избувнување на пожарот во Министерство за правда, во кој целосно беа опожарени канцеларии на четвртиот кат. Се утврдува и штетата, изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски. Истакна дека неколку канцерарии се целосно уништени од пожарот, но, како што рече, допрва ќе се утврди до кој степен е направена штетата на одредени материјали.
На четвртиот кат каде е најголемото оштетување се наоѓа дел од документација за меѓународна правна помош, Одделението за меѓународна првана помош, дел од сметководство и дел од секторот за финанисии на Министерство за правда, рече Бошњаковски.
Пожарот во Министерството за првда избувна вчера попладнето. Во гаснење на пожарнот интервенирале 10 возила со 25 пожарникари.
Нема повредени лица и жртви. Брзата реакција на надлежните, спречила ширење на пожарот на околните згради и објекти.
