Економската стабилност ги привлекува инвеститорите во Македонија
Првиот финансиер пред меѓународните инвеститори во Лондон зборуваше за условите за водење бизнис и предностите кои ги имаат странските инвеститори...

Макроекономската стабилност, нискиот јавен долг и политичката сигурност се главите фактори кои ги привлекуаат странските инвеститори во Македонија. Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески пред меѓународните инвеститори во Лондон зборуваше за условите за водење бизнис и предностите кои ги имаат странските инвеститори.
Првиот финансиер изјави дека и во време на криза Македонија успеала да оствари позитивни стапки на економски раст, лани од 3%, што е усех во услови кога европската економија се соочуваше со пад.
„Одржливи јавни финансии се еден од клучните компоненти на севкупната макростабилност. Нашиот генерален државен долг изнесува 34 проценти и е 4-ти најнизок во Европа. Ова се должи главно на фактот што бевме во можност да го искористиме периодот пред кризата за да ги исплатиме порано нашите долгови и потоа имавме разумна, конзервативнаи политика на заем, кога станува збор за заеми од Светската Банка или ЕБРД. Тоа секогаш беа добро насочени проекти кое се однесуваа на некои од инфраструктурните проблеми во земјата и слично, но секогаш ја имавме предвид целокупната одржливост на долгот“, истакна вицепремиерот Ставрески.
Слободните економски зони се атрактивни за странските инвеститори и меѓу првите 50 на иднината- порача првиот човек на технолошко индустриските развојни зони, Виктор Мизо.
„ФДИ магазинот и Фајненшал Тајмс ги рангираа двете слободни економски зони до главниот град Скопје меѓу 50-те најдобри слободни зони на иднината, и она што е навистина важно во нашиот случај е што за разлика од некои од зоните во Азија или во зоните во Заливските земји, кај нас во овие слободни економски зони е дозволено само производство, бидејќи мора да ги следиме европските правила и регулативи. Владата во овие зони нуди посебен вид мотивација, како прво, има десетгодишно ослободување од корпоративен и персонален данок на доход, не се плаќа ДДВ, нема царински давачки и такси, со цел да се поедностави процедурата и трошоците за бизнисите бидејќи речиси се што се произведува во овие зони е за извоз“, рече Мизо.
Во Лондон, на конференцијата посветена на нвестициите во регионот, покрај политичката елита присуствуваа и голем број претставници на меѓународните финансиски институции.
По Британија, инвестициските поволнности и предности што Македонија им ги нуди на странските инвеститори ќе бидат претставени пред бизнисмените во Германија.
Билјана Васиева- Трендафилва- специјален известувач од Лондон за МРТ
