Полесен пристап до информации за извори на финансирање
Промовиран е каталогот за бизнис поддршка и услуги на претпријатијата во земјава, што ги содржи податоците за финансиската поддршка од владини институции, од банките и штедилниците, и од граѓанскиот и приватниот сектор. Од Сојузот на стопански комори велат дека преку овој инструмент ќе им се овозможи полесен пристап до информации на компаниите за изворите на финансирање.

Информации за достапните услуги за финансиска поддршка и за раст и развој на компаниите се претставени во новиот каталог за бизнис поддршка. Со инструментот се олеснува пристапот до финансииите и се зајакнува капацитетот на претпријатијата, велат од Сојузот на стопански комори.
На компаниите им се отвораат можности за поголема конкурентност, за развој на женското претприемништво и за обезбедување трајни и обртни средства преку Македонската банка за поддршка на развојот.
Швајцарската влада само преку инструментот за економскиот развој за овие четири години вложила 20 милиони франци во земјава.
Каталогот на бизнис поддршка е подготвен од Сојузот на стопанските комори и од Фондот за пазарна вработливост, со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка.
Игор Панов
