Реконструкција на Владата до крајот на мај
До крајот на мај извесна е реконструкција на Владата. Турската партија со сигурност станува нов коалициски партнер, со други партии сѐ уште се преговара, рече на прес конференција портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски...

Проширување на парламентарното мнозинство ќе има до крајот на мај, тврдат од Владата. Освен постојните коалициски партнери со сигурност се вклучува Турската партија, вели портпаролот на Владата, Бошњаковски. А во тек се постојани преговори за евентуално на други партнери.
Од Владата информираа дека 90 проценти од 958 административци вработени по Рамковен договор потпишале согласност за прераспределување во институциите каде се насочени според планот на Секретаријатот. Оние кои нема да се согласат ќе преминат на трансфер листа, вели портпаролот на Владата, Хоџа.
На владината седница бил прифатен усогласениот текст на Меморандумот за соработка во областа на енергетика со Република Бугарија. Владата меѓудругото го задолжила Министерството за економија да ја продолжи постапката со која од концесионерот „Еуромакс“, за експлоатација на минерални суровини бакар и злато на локалитетот „Иловица“.
Владата ја отпочнала и постапката за формирање работна група за утврдување на програма за одбележување јубилеј 1.000 години од формирање на Охридска Архиепископија.
Фиљана Кока
