Царинската управа најави забрзан проток на стоки на граничните премини
Царинската управа најавува забрзана циркулација на стоките преку граничните премини, за што веќе се разговара со соседите. Ќе се намалуваат, односно елиминираат и сите нетарифни бариери...

Ќе се забрзува протокот на стоки на граничните премини, ќе се унапредува работењето на Царинската управа. На едно место ќе се спојуваат царините на граничните премини. Ова го предвидува новата стратегија на Царинската управа. Преговорите се почнати со Република Србија, договорена е работна група. Целта е подобрување на протокот, безбедноста и намалување на ризиците.
Царинската управа е чувар на финансиските интересите на земјата, вели министерот Тевдовски. Новиот систем за обработка на декларации и акцизни документи кој е во обработка треба да ги поедностави сите постапки за заокружување на електронските постапки и евиденција.
Лани, Царинската управа од царини, даноци и акцизи остварила над 1 милијарда евра јавни приходи, 7,2 проценти повеќе од 2016- та. Во текот на минатата година биле спречени повеќе од 200 обиди за шверц на опојни дроги, цигари, девизи и лекови.
Царинската управа во наредниот период ќе ги намалува или елиминира сите нетарифни бариери. На граница ќе се издаваат само неопходните дозволи, со што контролите ќе се зголемат во земјата- увозник.
Дијана Ценевска
